Радио Милева по помалиот сега и постариот син...

Ненадејно почина Милан Лаќа Радуловиќ: Синот на покојната Марина Туцаковиќ пронајден мртов на улица во Израел

Ненадејно почина Милан Лаќа Радуловиќ: Синот на покојната Марина Туцаковиќ пронајден мртов на улица во Израел

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина денеска, пренесува Pink.rs.  Освен што успешно се справуваше со римите и зборовите при пишувањето текстови, Лаќа, како и неговиот татко, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе и помагаше на мајка си со големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ на Чола и „Сто времиња“.

Безживотното тело на Лаќа било пронајдено на улица во Тел Авив во Израел, а како причина за смртта се сомнева дека е внесување во телото на прекумерна доза недозволива супстанца од засега непознато потекло. Во меѓувреме во јавноста се огласил и неговиот татко Фута, кој според српските медиуми претходно, поточно на 12.12.2022 година го пријавил својот син за исчезнат. Во текот на вчерашниот ден тој добил информација дека Лаќа е пронајден на улица во Тел Авив, но најпрвин не знаел дали е воопшто жив и во каква состојба се наоѓа.

Фото: Курир.рс/Зорана Јевтиќ

 

To top