Пејачката Теодора Џехверовиќ неодамна жестоко се скарала со нејзиното момче, кошаркарот Нино Челебиќ, па сега веќе со денови не комуницираат.
Тешко им е поради се што си кажале, но сè уште не е на повидок помирување.
– Теодора и Нино одамна не функционираат како порано, а при последната тепачка од нив ечеше цела зграда! Бесна е што тој се повеќе и се меша во работата, па не може да работи како порано, а отежнувачка околност е што често се разделуваат поради обврските – наведува изворот.
– Таа му постави ултиматум. Му рекла дека ако сака да бидат заедно, нема да прифати ништо помалку од брак. Тие се долго време заедно и не разбира зошто да не бидат маж и жена. Изведен е пред свршен чин – додал изворот близок до Џехверовиќ, па ако не го исполни барањето таа ќе си замине…
– Останува да размисли што ќе прави. Никогаш не му било потешко, тој е приврзан за Теодора, но во напад на бес таа му кажала многу грди работи. Тешко му е да го преболи тоа. Уште не се ни гледа себеси во брак – заклучува истиот соговорник, а што на крајот ќе се случи со нив ќе покаже времето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм