Една од најпознатите водителки на Гранд, Драгана Катиќ, е во врска со десет години помлад бизнисмен, но својата љубовна врска ја крие од јавноста.
Како што пренесува „Блиц ТВ магазин“ таа е среќна во новата љубовна авантура, но не размислува за брак.
„Драгана е неколку месеци во тајна врска со успешен бизнисмен од српската престолнина. Интересно е тоа што тој е 10 години помлад од неа. А бидејќи не сака медиумите да пишуваат за тоа, оваа вест таа ја сподели само со најблиските. Знам дека се среќни, дека им е убаво и дека уживаат во моментот. Задоволни се од својата емотивна состојба и не размислуваат за брак. Во последно време блеска повеќе од кога и да било, постојано се смее, што е доволон показател да ужива во емотивниот живот. Често и подготвува изненадувања и купува цвеќиња. Фин и културен господин, изјави колешката на Драгана.
И самата водителка ги потврдила овие информации:
„Точно е дека имам партнер и убаво ни е. За сега нека остане тајна со кого сум во врска. Можеби на лето ќе откријам за кого станува збор, изјави водителката за „Блиц“.
фото: Рајко Ристиќ