Радио Милева трпи големи болки

На Гога Секулиќ не и е лесно, ќе оди на нов ремонт – но, овој пат ќе ги вади силиконите (фото)

На Гога Секулиќ не и е лесно, ќе оди на нов ремонт – но,  овој пат ќе ги вади силиконите (фото)

Пејачката Гога Секулиќ реши да го отстрани силиконот од градите, па операцијата ја закажала за крајот на јануари. Како што вели Гога, повеќе не сака да има поголеми гради од старлетата Сораја Вучелиќ.

– Еднаш ја сретнав Сораја кај заедничкиот лекар, па ни го измери обемот на градите. Ми кажа дека имам поголеми гради од неа – вели пејачката која сѐ уште крие колку кубика силикон има во градите.

-Тоа не е важно, јас сум висока и мислам дека за мојата висина и тежина немам ниту преголеми ниту премали гради. Сепак, решив да ги извадам имплантите! Морам да го направам тоа бидејќи многу ме боли грбот… Ќе се оперирам во Белград. Ќе дојде доктор од Грција да ме оперира. Оваа постапка не е едноставна и закрепнувањето трае долго време. Лекарите велат дека е најдобро тоа да се прави во зима.

Додека ја чека интервенцијата, пејачката признала што сѐ корегирала на себе.

– Работев на градите иако немаше потреба од тоа. Имав добри природни гради, но моите другарки беа оперирани бидејќи не беа задоволни од нивната големина, па им се придружив. Тоа беше пред десет години, па дојде време да ги сменам, а патем и да ги намалам – вели Гога и додава дека ова не и е единствената естетска интервенција: „Ставив хијалуронска во усните и вбризгував ботокс на лицето, но малку. Мислам дека секој треба да подобри некои ситници на себе.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Гога Секулиќ/

To top