Радио Милева Искрена

Тамара Милутиновиќ проговори за Александра Младеновиќ, па призна: „Преку глава ми е“ (фото) 

Тамара Милутиновиќ проговори за Александра Младеновиќ, па призна: „Преку глава ми е“ (фото) 

Пејачката Тамара Милутиновиќ кoja се прослави со хитот „Хајде да зажмуримо“, кој направи отскочна даска во нејзината понатамошна кариера, а иако по неа сними повеќе хитови, пејачката истакнува дека сепак таа и е омилена на публиката.

– „Хајде да зажмуримо“ се пее три до четири пати на вечер и најубаво ми е кога ја пеам таа песна. Неодамна нејзината колешка Катарина Грујиќ одржа прослава за првиот роденден на нејзината ќерка, а таа беше една од почесните гости.

 

– Беше убаво. Со нетрпение ги очекувам нејзините прослави, секогаш најубаво си поминувам кај неа. Искрено, уште се опоравувам од таа недела, прво му беше роденден на Урош (Живковиќ), па на Катја… – признала пејачката, а потоа открила дека Александра Младеновиќ, поранешната девојка и сегашна пријателка на Урош, не била на неговиот роденден. 

– Не дојде, затоа што работеше, не затоа што не сакаше да дојде. Колку и да сакаат медиумите да ги спојат, а тоа е одамна заборавена приказна, тоа спојување ми е преку глава. Таму одамна нема ништо, поминаа шест-седум години, мислам дека им се гади кога ги слушаат тие приказни.

Тамара, како и повеќето пејачки, Новата година ќе ја помине работејќи, но нема да биде сама, пренесува Пинк.рс.

– Ќе ја поминам работејќи, но не ми е тешко, бидејќи сакам да работам и да уживам. Моето момчето ќе биде со мене таа вечер, а јас ќе му посветам неколку песни, една од нив е „Посебан“.

Фото:Принтскрин/Инстгарам/Пинк.рс/М. Мијатовиќ

 

To top