Промотер

Ѓорѓи Крстевски прашува на цел глас зар постои подобро од – „Ти и јас“ (ВИДЕО)

Ѓорѓи Крстевски прашува на цел глас зар постои подобро од – „Ти и јас“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Ѓорѓи Крстевски по повеќегодишна пауза  се враќа на сестрадната сцена како изведувач, откако објави нова песна.

Имено, последниве години тој повеќе и се посвети на авторската работа како композитор, продуцент, аранжер и режисер на видео спотови за македонски изведувачи како: Тијана Периќ, Александра Јанева, 2Бе, Владимир Ризовски и Тања Војкоска, Горан Наумоски и Горан Папас, запоставувајќи го сопственото творештво лично за себе.

 

На радост на неговите обожаватели, Ѓорѓи има нова песна насловена „Ти и јас“ направена во негов стил.

Иако не се работи за балада, туку со песна со побрз ритам, во неа секако се чувствува неговиот авторски дух, како и неговата специфичната вокална изведба. Емотивно испеана, какви што се и стуховите на самата песна, таа дише со чиста љубов и искрени емоции, онакви какви што произлегуваат од  длабочината на душата само кога срцето искрено, безусловно и безрезервно некого сака.

Крстевски е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман, додека истата е снимена вомузичкото студио „Алшар“.  За снимањето, миксот и мастерот на истата се погрижил Ивица Јанкуловски.

Песната е визуелизирана во комбинација со видео и текст анимација изработени од „Крстевски ентертејмент“ и Гоце Наков.

Како звучи и изгледа повратничката „Ти и јас“  на Ѓорѓи Крстевски, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top