Радио Милева „Помалку е повеќе“

Марјана Станојковска како жена мачка во црно, латекс и високи потпетици (фото)

Марјана Станојковска како жена мачка во црно, латекс и високи потпетици (фото)

Дека за една перфектна модна комбинација не треба многу туку малку, e проверено правило кое добро упатените и тоа како го знаат, овој пат го потврди на дело и Марјана Станојковска.

Нашата атрактивна русокоса Лото девојка е една од најактивните инфлуенсерки во земјата која редовно има нешто да рекламира и сугерира, а во случајов тоа беше црна едноставна комбинација во која ги воодушеви и мажите и жените, само што посилниот пол ја гледаше секси Марјана од своја перспектива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Но затоа потоа…

Изборот падна на црни латекс хеланки, црна ролка и високи потпетици, останато не беше потребно, а од ваквиот минимализам во преден план дојдоа долгите вити нозе Марјана, ставата и безпрекорната линија која ја одржува откако ја знаеме.

Контрастот го направи долгата руса коса и очите нашминкани како мачка.

И навистина е мачка за која мажите редовно и го полнат Инстаграм со коментари, како и сега кога и порачаа дека е најзгодната, дека е мачка, на нејзините нозе им нема рамни и така еден под друг со својот перцептивен агол на гледање возбудени и полудени од приложеното.

Жените и овој пат не заобиколија да и поласкаат, па дури и колешката Лила Филиповска која кратко и порача: „Ептен си срце!“.

фото:Инстаграм принтскрин/Марјана Станојковска

To top