Емина Јаховиќ никогаш не го криела своето потекло и секогаш нагласувала дека потекнува од Нови Пазар и дека е од исламска вероисповед, но никогаш јавно не ги почитувала верските обичаи кои ги обврзуваат жените да носат хиџаб, никаб или бурка.
Меѓутоа, сега таа ги изненади сите.
Имено, Емина објави фотографија на која се гледа како носи хиџаб, односно парче облека што и ја покрива главата, но не и лицето. Пејачката очигледно решила да го следи овој обичај, а имала и причина за тоа.
Јаховиќ ја посети Медина, а бидејќи жените во овој дел на Саудиска Арабија се претежно покриени, пејачката очигледно сакала да ги почитува обичаите и да стави хиџаб.
фото:Инстаграм принтскрин