Манекенката Хајди Клум (49) не престанува да не изненадува со своите жешки изданија иако е во петтата деценија од животот.
Хајди на премиерата на филмот „Аватар“ се појави во многу смел фустан, кој повеќе открива отколку што покрива.
View this post on Instagram
Сензуалниот од на популарната манекенка ги остави без здив сите присутни, а ако подобро го погледнеме фустанот ќе видиме дека тој нема дефинирана форма, туку совршено ја следи линијата на телото.
Исто така, не треба да се изостави еден детаљ, односно шлицот на фустанот кој ги нагласи долгите и витки нозе на Хајди.
View this post on Instagram
Заедно со елегантниот фустан, Клум избра и „мокра“ фризура и проѕирни потпетици, па изгледаше како вистинска принцеза.
фото:Инстаграм