Само уште неколку дена не делат од долгонајавуваниот и долгоочекуваниот концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје.
На само неколку дена пред дочекот на новата година, „Арената Борис Трајковски“ ќе биде местото на најдобрата предновогодишна забава во регионот. Се е подготвено за овој
голем спектакл кој ќе се случи на 24-ти декември.
Публиката ќе има можност да се забавува со дел од неговите најголеми хитови, како што се: „Да си ту“, „Све ти дугујем“ и „Поноќ“, песна која ги руши сите рекорди на слушаност.
Организаторите истакнуваат дека концертот е пред распродавање и останати се уште мал број на билети, а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com, Југотон и Розе Веро 2.
Ивона Јо ќе биде гостин на концертот и ќе застане на големата бина заедно со главната ѕвезда.
Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, ништо поразлично нема да биде и овој пат.