Промотер

„Мизар“ од нивната музичка „Вечна празнина“ го извадија својот – „Изрод“ (АУДИО)

„Мизар“ од нивната музичка „Вечна празнина“ го извадија својот – „Изрод“ (АУДИО)

По летниот сингл „Вечна празнина“, култниот македонски бенд „Мизар“ го претставува „Изрод“. Нов сингл, од нивниот шести студиски албум „Вечна празнина“, дигитално достапен од понеделник 12-ти декември 2022.

Една од десетте композиции, „Изрод“ е песна за човек кој ја продал душата и со тоа станал Изрод. Изродот нема емоции и емпатија, тој е морален изрод, а парите се императив на неговото постоење. Данте ги класифицирал грешниците во 9 кругови на пеколот, колку нивните гревови се посериозни, круговите се пониски и потесни.

„За да се спаси нивната продадена душа, мрестот на Мизар мора да ги отвори „Деветте порти на олово“, завршува составот на Мизар. Впечатливиот и уникатен звук на култниот македонски бенд, претставен преку моќниот вокал на Зоран Тортевски, ги трансформира егзистенцијалните, човечки теми во тешки, но магични композиции.

Ваквата комбинација најдобро се чувствува во живо, за која приликата доаѓа наскоро, на 16-ти декември кога „Мизар“ ќе го има шестото појавување во Домот на млади во Белград. По овогодинешната мини турнеја во која беа Љубљана, Риека и Загреб, градови каде публиката ги пречека со ентузијазам, по седум години „Мизар“ повторно свири во Белград.

Како звучи музичкото видување нас нивниот „Изрод“ слушнете од „Мизар“ во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top