Музичарот Ѓорѓе Давид (58) е „уловен“ во главниот град на Србија со сопругата Ана, која ја крие од јавноста.
Ѓорѓе има специфичен однос со сопругата, која како што претходно изјави, неизмерно ја сака, но не живеат заедно. Како што рече, тие не сакаат да бидат робови на правилата, па нивната врска е целосно прилагодена на нивните потреби.
Ѓорѓе има специфичен однос со сопругата, која, како што претходно изјави, неизмерно ја сака, но не живеат заедно. Како што рече, тие не сакаат да бидат робови на правилата, па нивната врска е целосно прилагодена на нивните потреби.
Екипата на „Папарацо лова“ ги фатила во Белград, а во еден момент дури и се бакнувале, што го снимиле и камерите.
– Не живеам со семејството. Јас сум во еден стан, а Ана е со своето дете во друг. Се е во ред со нас, ја сакам сопругата повеќе од се на светот, но поради одредени животни околности моментално сме разделени – откри неодамна во едно интервју Ѓорѓе Давид.
Тој ги посочи причините зошто никогаш не ја официјализирале својата врска.
– Мислам дека во 21 век таа хартија е форма која станува товар и која е надмината. Луѓето не можат да гарантираат верност, доверба и упорност со потпишување на едно парче хартија. Знам толку многу примери на прекрасни врски и љубов, каде луѓето најмногу се сакаа, но во моментот кога ќе ја потпишат таа хартија, таа приказна оди надолу.
фото:Јутјуб/принтскрин папарацо лов