Радио Милева на среќата и нема крај

Илда Шаулиќ плачела на нејзиниот роденден – сопругот и приредил огромно изненадување (фото)

Илда Шаулиќ плачела на нејзиниот роденден – сопругот и приредил огромно изненадување (фото)

Пејачката Илда Шаулиќ во една кафеана во Белград го прослави својот 44 роденден. Таа во оваа прилика откри што си посакала, но поради ќерката заврши во солзи.

– Ви благодарам на сите што дојдовте во толкав број! Имам многу желби, главно сите се поврзани со музиката – изјавила на почетокот Илда Шаулиќ.

– Ова е изненадување од мојот сопруг. Она што ме воодушеви е што моето девојче пристигна. Доцнеа, ми беше жал што не можев да ја дочекам, но мојот сопруг се организираше! Сега кога влегов, кога ја видов, солзите речиси не престанаа – изјави ќерката на починатиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.

-Таа само ми рече: „Може ли да одам и јас со тебе таму кај другите“, а јас и реков: „Не, почекај ме“. Симпатична е, носеше и кошула на која пишува „Среќен роденден“, навистина ме погоди! Мило ми е што е тука – додаде Илда, за која малку подоцна беше изнесена и торта на два ката.

Фото:Принтскрин/ТВ Курир/Инстаграм/Илда Шаулиќ

 

To top