Радио Милева загуба

„Овие празници ќе ги поминам сама“ – Ана Бекута откри како ќе ја дочека новата година (фото)

„Овие празници ќе ги поминам сама“ – Ана Бекута откри како ќе ја дочека новата година (фото)

Фолк пејачката Ана Бекута (63) проговори за својот живот една година по смртта на нејзиниот долгогодишен емотивен партнер, политичарот Милутин Мркоњиќ, кој замина  на 79 години.

Пејачката Новата година ќе ја дочека со својата публика во еден црногорски хотел. Таа открила и како ќе го поминува слободното време за време на празниците.

– -Овие празници ќе ги поминам сама и веројатно на прошетка со пријателите што ќе ги посетам. Ќе одам на добра риба, бидејќи ќе биде пост.

Таа го спореди пеењето на море и на планина и откри што повеќе и се допаѓа.

– На планина воздухот е поредок, на море е посвеж бидејќи има повеќе јод. Од неа беше побарано и да открие кои ќе бидат нејзините новогодишни желби.

– Ќе биде прашање на моментот, не можам точно да кажам што ќе посакам освен добро здравје и среќа.

А на прашањето со кого ќе ја дочека Новата година вели: – Сама, всушност со својот бенд – заклучи Бекута која не најде сила да зборува за починатиот партнер Милутин Мркоњиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/

To top