Промотер

Николче Мицевски од својата „New Era“ ви подарува уште еден музички – „Impulse“ (ВИДЕО)

Николче Мицевски од својата „New Era“ ви подарува уште еден музички – „Impulse“ (ВИДЕО)

Македонскиот музичар, композитор и аранжер  Николче Мицевски има нова музикчка тема, со која  одново ја восхити неговата публика.
Талентираниот битолски уметник го објави спотот за новиот трет по ред сингл „Импулс“ (Impulse), кој е симнат од „New Era“ – неговиот прв соло албум со таканаречена „World Fusion“ музика, која како што самиот ќе изјави,  отсекогаш била негова инспирација.

„Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство“ –  ќе посочи Мицевски  најавувајќи го со темата „Импулс“ и  неговиот  прв солистички концерт во родната Битола, кој ќе се одржи во петок, на 9-ти декември 2022 година, каде ќе биде промовирана музиката од албумот „New Era“.

„Ви го подарувам ова парче музика и видео наречено ‘Impulse”!


Ова е е третиот сингл од мојот албум “Нова Ера”. Парче музика, импулс, вибрација, која секој ќе ја доживува на различен начин, но “Impulse” има една и единствена цел – да шири љубов и позитивна енергија.

Им благодарам на Огнен Шапковски и целата екипа на ‘Мелем продукција’ за прекрасното видео! На  ‘XL студио Момироски’ за врвната продукција.
Благодарам на Владимир Крстев за виолината, Martin Bleki за несебичната поддршка и ангажман, Stefan O Pulos за позирањето. Благодарам на Андреј Папаз за стајлингот!

Благодарам на сите кои се дел од ова видео, Ирма, Mатеј Дамчевски Сомнар, Ана, Студио Ребис, Студио Лебед, Ансамбл Студио фолклор, Теа, Јана, Јована, Мила, Ника, Илијана и сите други!


Ова нека значи загревање пред концертот на 9-ти декември, петок од 20 часот во ЦК – Битола.

И уште еднаш ве поканувам сите, да дојдете и да ја уживаме приказната наречена “New Era” – порачал Николче Мицевски преку својот Фејсбук профил, промовирајќи ја во етер темата „Импулс“ (Impulse), која можете да ја проследите во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top