Радио Милева љубов до крај

Оливер Драгојевиќ денеска ќе наполнеше 75 години: Осамна тажна објава на неговата сопруга (фото)

Оливер Драгојевиќ денеска ќе наполнеше 75 години: Осамна тажна објава на неговата сопруга (фото)

Весна Драгојевиќ на својот Фејсбук профил му посвети емотивна објава на својот покоен сопруг Оливер Драгојевиќ, кој почина пред четири години, а денеска ќе го прославеше својот 75 роденден.

Весна на своите следбеници им откри дека се чувствува многу тажно.

– Тагата не престанува.Се вовлекува во тебе како ситна прашина.Се истура горе-долу додека не ја достигне и најмалата пора во вашето тело. Невидливо е, но го носиш како најтешкото бреме што човек може да го поднесе – напишала Весна во објавата заедно со песната „Тристеца“ на Оливер.

Да потсетиме, Весна и Оливер Драгојевиќ се венчаа откако се познаваа само 10 месеци, а заедно останаа 45 години.

Во чест на неговиот роденден, денеска во Сплит  ќе биде организирана и роденденска прослава на која ќе присуствуваат голем број обожаватели на покојниот пејач.

Фото:Принтскрин/Фејзбук/Јутјуб

To top