Пристигна првиот трејлер за документарната серија на Нетфликс за Меган Маркл и принцот Хари, а на гледачите посебно внимание им привлече деталот каде војводата „се плаши“ дека неговата сопруга ја очекува истата судбина како неговата мајка, принцезата Дајана.
Во трејлерот на серијата „Harry & Meghan“, војводата од Сасекс, меѓу другото ја објаснува и историјата на лошиот третман на жените кои стануваат дел од кралското семејство.
„Болка и страдање на жените кои стапуваат во брак во оваа институција, тоа лудило за глад“, вели Хари додека на екранот се прикажуваат слики од неговата покојна мајка, принцезата Дајана, како и насловите на таблоидите.
„Бев преплашен. Не сакав историјата да се повтори“, додава Хари.
Краток коментар дала и Меган, која вели дека сфатила дека кралското семејство „никогаш нема да ја заштити“.
Во трејлерот кој трае нешто подолго од една минута, парот е интервјуиран пред камера, додека се прикажуваат интимни фотографии од нивниот живот зад камерите.
Исто така, се слуша и како принцот Хари вели дека никој не гледа „што се случува зад затворените врати“ и дека морал да направи сè за да го заштити своето семејство.
Портпаролот на Нетфликс рекол дека во документарната серија, војводата и војвотката од Сасекс ја споделуваат другата страна од нивната љубовна приказна и ветил дека тоа ќе биде „невиден преглед на еден од најзборуваните парови во историјата“.
Нетфликс потври дека првите три епизоди од долгоочекуваната серија ќе бидат објавени на 8 декември, а останатите три на 15 декември.
фото:јутјуб принтскрин