Радио Милева предрасуди

Дарко Лазиќ откри дали неговата девојка сè уште е во брак: „Сите ми се смеат зад грб“ (фото)

Дарко Лазиќ откри дали неговата девојка сè уште е во брак:  „Сите ми се смеат зад грб“ (фото)

Фолкерот Дарко Лазиќ откри како неговата девојка се согласува со неговите деца, како и дали е сè уште во брак, како што се шпекулираше во јавноста.

– Кога ќе дојдат моите деца, Каќа ги третира како да им е втора мајка. Нејзината сестра има две деца, мајка и е учителка и знае како да се однесува со децата. Таа се грижи за моите кога ќе дојдат, а се надевам дека ќе имамеи наши еден ден – вели на почетокот Дарко Лазиќ.

– Сега за сега таа го замислува бракот само со мене. Катарина си знае низ кујната како да е родена таму! Знае се да подготви, а луѓето мислат дека е уште една фитнес инструкторка која нема поим од животот. Сите имаат предрасуди кон нас, но сите ќе ги убедиме дека работите се поинакви – гордо истакнува пејачот.

Пејачот вели дека никој не верува дека врската со Катарина ќе му успее бидејќи се навикнати да менува девојки како чорапи.

-Каќа секогаш вели дека ништо не се сменило меѓу нас откако се запознавме. Се познаваме повеќе од 10 години, нашите семејства се познаваат и меѓу нас секогаш имало симпатии. Одамна бевме во врска, сега дури после толку време ја обновивме – вели Лазиќ, демантирајќи ги приказните дека сè уште е мажена.

– И двајцата сме разведени, па решивме да и дадеме уште една шанса на нашата љубов. Гледам дека сега ми се смеат зад грб и велат дека ова со Каќа нема да трае. Велат дека таа за мене е само уште една во низата, но ќе покажам дека тоа не е вистина. Може да се смеат до утре, знам дека дојде нашето време – заклучува поранешниот победник на „Ѕвездите на Гранд“.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Дарко Лазиќ

 

To top