Мегафон тажна вест

Трагедија на македонската фолк естрада: На само 42 години ненадејно почина Виктор Барбутов, пејачот на групата „Амајлија“

Трагедија на македонската фолк естрада: На само 42 години ненадејно почина Виктор Барбутов, пејачот на групата „Амајлија“

Македонската фолк естрада  остана шокирана откако се прошири трагичната вест за смртта на фолк пејачот Виктор Барбутов  кој ненадејно починал вчера изутрината ( 02 декември 2022).

„Почина фолк пејачот на групата Амајлија од Скопје Виктор Барбутов, кој како што дознаваме пред тоа немал здраствени проблеми. Ноќта се пожалил на силни главоболки и бил однесен на брза помош каде и починал од мозочен удар“ – објавија македонските портали.

„Ниту бил болен, ниту се жалел на нешто, освен вчера вечерта дека го болела главата. На само 42 години замина Виктор, сопруг и татко на ќеркичка, која има само две години“, рекоа за ММС негови колеги.

„Ниту можеме да веруваме, ниту сакаме да веруваме дека Виктор повеќе го нема“, вели Мики, член на групата „Амајлија“, каде вокал беше Виктор.

Дека ваква тага ќе доживеат никој од „Амајлија“, а посебно неговото семејство не ни сонувале, бидејќи Виктор не се пожалил на никаков здравствен проблем.

Мики Ѓоргиоски, со кого заедно свират над 20 годинисо расртеперен и тажен глас изјавил:

„Се скина дел од мене, во шок сме и не сакаме да поверуваме дека него веќе го нема. Дека повеќе нема да запее со неговиот бисерен глас. Млад, здрав, ниту пушеше, ниту пиеше алкохол. Се се случило одеднаш. Претпоставувам мозочен удар, од она што кусо го прозборев со неговата сопруга, бидејќи таа не е во можност многу да зборува“, изјавил Мики за ММС.

To top