Промотер

Нокаут и Џамбазов – „Што бараш ти во моја песна“? (ЛИРИК ВИДЕО)

Нокаут и Џамбазов – „Што бараш ти во моја песна“? (ЛИРИК ВИДЕО)

Групата „Нокаут“ по цели 20 години се враќа на местото каде што почна. Имено, Пере и екипата повторно ќе одржат голем славенички концерт  на 27 октомври во СРЦ „Кале“, истото место каде што популарниот бенд го одржа својот прв голем концерт, исто така во организација на Авалон.

Како што велат од „Нокаут“ пак, повод за концертот е и промоцијата на нивниот нов, четврти по ред студиски албум, кој го најавија и со одличната соработка со Игор Џамбазов за темата Што бараш ти во мојата песна“.

Групата минатата година го одбележа и јубилејот од 20 години од основањето, а во рамките на прославата одржаа голем број концерти низ Македонија. Повеќе детали за претстојниот концерт ќе бидат соопштени в понеделник, на 21 мај. Догогаш уживајте со новиот сингл „Што бараш ти во мојата песна“, чии автори се лидерот на бендот, Никола Перевски, кој се потпишува на музиката, стиховите се на Игор Џамбазов, а аранжманот и продукцијата ги направи Дарко Димитров, во чие студио е и снимена песната која заедно со лирик видеото можете да ја проследите во продолжение..

 

To top