Драган Којиќ Кеба ги насмеа своите следбеници со видео од Италија. Имено, пејачот неодамна престојуваше во Милано, каде се сними како се врти околу својата оска, а оваа објава ги насмеа сите, вклучително и неговата ќерка.
Кеба застанал на платформа на која бил нацртан бик и во еден момент почнал да се врти на едната нога, а според верувањето ќе му се исполнат желбите што ги замислил.
View this post on Instagram
– Мислиш на три желби и се вртиш. Верувајте и ќе биде – напиша фолкерот во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.
Неговата ќерка Наташа, која со години живее и работи во Америка, на ова видео искоментирала: „Цар! Мојот крал“, напиша таа.
фото:Инстаграм принтскрин