Голманот Милан Борјан и годинава имаше важна задача – да ја одбрани мрежата на Канада, репрезентација за која настапува на годинешното Светско првенство во Катар. Сите очи на јавноста беа вперени во фудбалерите, а и нивните поубави половини беа таму за да ги бодрат, без разлика дали победиле или загубиле на теренот.
Изминативе денови се појавија многу фотографии на кои имавме можност да ги видиме сопругите и девојките на фудбалерите на трибините, но се чини дека една победи. Имено Снежана, убавата сопруга на голманот на белградска „Црвена Ѕвезда“ со канадски пасош, Милан Борјан на својот Инстаграм профил сподели фотографија која ги маѓепса сите.
На неа се гледаат Милан, таа и нивниот син во цврста прегратка по натпреварот со Хрватска. Снежана силно го прегрна сопругот и го бакна пред сите, а малиот се приклучи и ги гушна околу вратот на родителите.
View this post on Instagram
Оваа глетка допре многумина и предизвика лавина од емоции, а се чини дека на познатиот српски голман со канадско државјанство му даде ветер во грбот да продолжи да се бори и да брани уште подобро и на следните натпревари.
Како и не би, кога српскиот голман кој брани за Канада има топ сопруга… Сите се едногласни дека Милан Борјан има жена „авион“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/snezanafi