Радио Милева брутално искрена

„Не сакав да живеам вака, тага имам во галони“: Наташа Беквалац изненади со објавата и порача дека нејзиниот живот е се’ само не совршен (фото)

„Не сакав да живеам вака, тага имам во галони“: Наташа Беквалац изненади со објавата и порача дека нејзиниот живот е се’ само не совршен (фото)

Наташа Беквалац со години е една од најпознатите и најуспешните пејачки кај нас, но денешната објава на Наташа Беквалац на „Инстаграм“ укажува на заблудите кои можеби некои луѓе ги имаат поради ова. Имено, таа ги изненади сите кога сподели многу искрено и отворено писмо до своите следбеници и откри дека не е толку среќна како што другите мислат дека е.

– Чувствувам потреба да го напишам ова на таков мрачен ден. Повеќето од оние кои ме следат се жени, девојки, девојчиња. На мое огромно задоволство, нема да го кријам, отсекогаш сум го посакувала тоа кога е мојата музика во прашање. Она што често ми го пишувате приватно е колку се восхитувате на мојот совршен живот, прашувате за совет, мислите дека знам нешто повеќе, поголемо од вас – започна објавата на Наташа Беквалац, а потоа шокираше со продолжението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Сакам да ти кажам дека ниту знам да давам совети, ниту знам нешто повеќе од тебе, а мојот живот е сè само не совршен… Можеби сликите се… Но кој друг слика тага. Ја имам, ја имам во галони и ја чувам за некои песни и ретки луѓе. Не сонував навистина за животот што го живеам сега, но се појасно ми станува зошто ми е даден овој пат – изјави пејачката, а објавата на Наташа Беквалац беше збогатена со фотографија на која се гледа нејзината помала ќерка Катја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

– Дами мои, никој, запамтете никој, ќе ви го поправи животот ако не го направите тоа за себе и за своите деца. Затоа, облечете ги најудобните панталони (поудобно е), засукајте ги ракавите и обезбедете ја вашата независност и живот. Само независна, независна жена може да биде слободна и среќна. Поправете ме ако грешам… И само тогаш може да го сака оној што нејзиното срце го посакува и нејзиното битие го заслужува. И јас ве сакам такви какви што сте – заклучила Наташа.

фото:Инстаграм/Наташа Беквалац

To top