Радио Милева висок ризик

Актерот Крис Хемсворт откако ги дознал резултатите од крвните анализи изплашен реши да ја паузира кариерата

Актерот Крис Хемсворт откако ги дознал резултатите од крвните анализи изплашен реши да ја паузира кариерата

Актерот Крис Хемсворт најави дека ќе направи пауза од актерството откако дошол до шокантно здравствено откритие во текот на снимањето на својата серија „Limitless“.

Хемсворт во текот на снимањето на една епизода од серијата дознал дека поради комбинации на гени, има речиси 10 пати поголема шанса да добие Алцхајмерова болест, а сега најави пауза од актерството.

Во последната епизода од серијата, актерот се занимавал со грижата на крајот на животот и соочувањето со смртта, што вклучувало интервјуа со луѓе кои работат на палијативна нега. Тој објаснил дека снимањето на серијата го поттикнало да поминува повеќе време со своето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)


„Тоа навистина поттикна нешто во мене да посакам да земам малку слободно време. А откако завршивме со снимањето, ги довршувам нештата за кои веќе бев договорен. Кога ќе ја завршам турнејата оваа недела, одам дома и ќе имам многу слободно време. Ќе бидам со децата и со својата сопруга“, рекол актерот.

За потсетување, ѕвездата на „Thor“ во една епизода од серијата „Limitless“ во која истражува начини за продолжување на животот и борби против стареењето, дознала дека има две копии од генот APOE4, по една од секој од своите родители, што значи дека има зголемена предиспозиција за развој на Алцхајмерова болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

„Ги зедоа сите мои крвни наоди и направија бројни тестови, а планот беше да ми ги кажат резултатите пред камера и потоа да разговараме за тоа како можат да се подобрат работите“, рекол Хемсворт.

фото:Instagram

To top