Мундијалот ќе привлече голем број навивачи во Катар, а во центарот на вниманието секако ќе бидат сопругите на фудбалерите, кои ќе мора да внимаваат како се облекуваат на стадионите.
Штом селекторот Драган Стојковиќ за Пикси го објави списокот со патници на српската репрезентација за Катар, прва се огласи и Кристина Максимовиќ, сопругата на српскиот играч за врска Немања, која објави емотивна порака на социјалните мрежи. „Секогаш со тебе љубов моја, само ние знаеме низ што поминавме заедно и колку беше ова заслужено“ – напишала убавата Кристина, која обзнани и дека чекаат уште едно дете.
Во Катар се очекува да дојде и Софија Милошевиќ, избраничката на Лука Јовиќ. Тие двајца се еден од најпознатите парови на регионалната сцена, а заедно имаат и два сина. Софија е многу популарна манекенка и топ модел која важи за една од најубавите девојки во Србија и регионот.
Александар Митровиќ е во среќен брак со две години постара од него Кристина Јањиќ. Митровиќ и претходно беше познат по палавоста и на теренот и надвор од него, но се смири и сега со „ладна“ глава во Катар ќе се обиде да ја продолжи голгетерската серија за Србија.
Марко Грујиќ е во среќна врска со Мија Зеремски, а неодамна добија и син. Миа беше одбојкарка, а љубовта кон спортот е неспорна, па може да ја очекуваме и во Катар.
Филип Младеновиќ е во врска со Зорана Жанетиќ веќе пет години, а нивните слики често се појавуваат на социјалните мрежи. Имаат два сина, а и јавноста во Полска е запознаена со Зорана, бидејќи нејзиниот избраник игра во Легија од Варшава.
Сопругата на голманот, која исто така често се појавува во јавноста е Ана Рајковиќ. Таа е во брак со Предраг и има со него два сина: Реља и Тадија, а на социјалните мрежи често објавува атрактивни фотографии.
Во Катар би можеле да ја очекуваме и Анастасија Ражнатовиќ која е во хармонична врска со Немања Гудељ. Иако долго време се шпекулираше дали двајцата се заедно, неодамна се потврди, а Анастасија најмногу уживаше во Шпанија со фудбалерот на Севиља.
Од помладите девојки, во Катар би можела да дојде и Ема Радујко која „вплови“ во врска со Урош Рачиќ, а со него беше во Шпанија и Португалија, каде играчот од средниот ред настапуваше за Валенсија и Брага.
Познато е дека Немања Радоњиќ сака ноќни забави и луксузен живот надвор од теренот, но среќата конечно ја најде во љубовта со Исидор Кадијевиќ. Многумина во јавноста ја нарекуваат „српската Кендал Џенер“, а на социјалните мрежи често објавува професионални фотографии, бидејќи се занимава со манекенство.
Оној кој нема да ја има поддршката од својата поубава половина на Мундијалот е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој пред неколку дена ја доби ќерката Ирина. Неговата сопруга Наталија поради породување најверојатно Мундијалот ќе го следи во домашна атмосфера, покрај наследничката.
Меѓу оние кои немаат девојки се Душан Влаховиќ, Саша Лукиќ, Андрија Живковиќ… Тешко дека некоја од нив ќе најде сродна душа во Катар, поради сите ограничувања, иако… никогаш не се знае!?
Фото: AP Pavel Golovkin/ Printskrin Instagram/ Damir Dervišagić