Радио Милева

Малата Ана е слатка како бонбона: Погледнете колку потпорасна ќеркичката на Татијана Стефановска (фото)

Малата Ана е слатка како бонбона: Погледнете колку потпорасна ќеркичката на Татијана Стефановска (фото)

Македонската фолк пејачка Татијана Стефановска минатото лето се реализираше во улогата на мајка.

Тогаш, оваа вест ја изненади македонската јавноста бидејќи пејачката не навести дека е бремена, па објавата дека добила ќерка беше неочекувана.

Но сега нема криење, бидејќи мама Татијана обожава да ја покажува јавно својата наследничка која е веќе потпорасната.

Малата и преслатка Ана веќе е  слатко девојченце кое има една година и пет месеци и неодовливо потсетува на мајка си.

Таа сега е во доста активна фаза од својот раст, период кога љубопитноста, истражувањето, последиците, кажувањето нови зборчиња, а и покажувањето љубов кој мама и тато е изразена.

Во една прилика кога Ана беше нешто помала, Татијана изјави:

-Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство, кажа пејачката за „Женски магазин“.

Ана е првото дете на Татијана и музичарот Митко Безаноски, тие заедно живеат во Охрид, но Татијана често знае да појде и во родната Битола. Баба и дедо се тука за помош околу чувањето на наследничката, а мама и тато активно се посветени на настапите кои се нивна примарна професија.

фото:фејсбук/Татијана Стефановска

To top