Пејачот Здравко Чолиќ ретко се гледа на други јавни места освен на концерт, а неговиот семеен живот кој го води далеку зад камерите отсекогаш заинтригирал многумина.
И додека порано се прашувавме што прави пејачот во слободното време, сега имаме можност да ги слушнеме неговите навики, омилените специјалитети, па дури и колку се готви во неговата куќа. За сето тоа, ни помалку ни повеќе, раскажа поранешната готвачка на пејачот, Сандра Ѓуретиќ, која пред неколку години имаше можност да му подготви храна во ресторан со национална кујна, која често ја посетуваше.
Сандра денес има свој блог, а вистински српски специјалитети претходно, меѓу другото, му подготвувала и на Чола, кој често бил гостин или нарачувал храна. Работела во позната белградска кафана, а сега раскажа каков е Чолиќ во неговите неформални јавни настапи.
– Беше наш редовен гостин и пред се човек од народот, со светол и ведар дух, секогаш срдечен и насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво одеше во кујната да не поздрави нас кои работиме таму. Никој од познатите не го правеше тоа – открива блогерката, а потоа раскажала кои јадења ги нарачал Чола.
– Секогаш нарачуваше домашно зготвени јадења кои беа на менито на ресторанот за тој ден. Сакаше домашни лепчиња и ќифлички што јас ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе. Бидејќи беше ресторан за национална кујна, немаше модерни колачи, но правевме вистинска мрзлива пита, кремпити што ги правеа нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сакаше – изјавила таа за локалните медиуми.
Фото: Принтскрин/Зоран Лончаревиќ