Дојавите за бомба по средните скопски училишта и трговските центри, станаа секојдневие. Меинстрим на македонскот школство. За среќа, засега сите предизвикаа само лажна тревога и вознемиреност, а не дај Боже, за ниту една нема ни основан сомнеж дека била вистинита.
И додека на МВР му треба „вечност“ да се справи со откривањето на „лажните терористи“ од според нив „хибридната војна“, дојавите за бомба почнаа да стигаат и по дома. По куќите и становите, односно живеалиштата на познатите и јавни фаци.
Една таква, до душа преку социјалните мрежи и тоа во нејзините Инстаграм приказни пристигна и кај македонската манекенка и модел Бојана Нушкова.
Долгоногата убавица важи за една од најзгодните и најатрактивните девојки на јавната сцена.
Особено нејзините разголени секси фотографии и фотосесии ја креваат возбудата на најсилно, подгревајќи ги страстите и бранувајќи ја фантазијата, најмногу на младата машка популација, чија „зголемена циркулација“ по цело тело, понекој се осмелил и јавно да ја сподели.
Овој пат токму со дојава за бомба во вид на комплимент кој стигна и до македонската манекенка. Имено, „запалениот“ дојавувач и самиот не додржал, па „експлодирал“ со споделување „бомбастичен коментар“ под една од најновите фотографии на скопската убавица.
„Им дојавил ли некој на твоите дека дома имаат бомба?“ – јавно ја запрашал „Инстаграм бомбашот“ Бојана, а таа воодушевено му возвратила со свој коментар и насмевка: „Добааааарррр… хаааааххх“, на што младичот се надоврзал:
„Добро што си вистинска, не си лажна“, па манекенката одново ja оставил со широка насмеана уста.
Дали се останало само на „бомбастичната дојава“ од момчето кое добро го знае или воопшто не го ни познава, Бојана Нушкова не кажа, ама затоа едно остана сигурно: Дојавата за присуство на „бомба“ кај неа дома, никако не лажна! А, за каков тип на бомба се работи… Нека ви каже оној што пробал да ја… „активира“!
Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova