Радио Милева неизмерно благодарни...

Објавата на Јелена Ѓоковиќ ја подигна свеста кај многу жени, па ја споделија на нивните профили

Објавата на Јелена Ѓоковиќ ја подигна свеста кај многу жени, па ја споделија на нивните профили

Јелена Ѓоковиќ е најголемиот поддржувач на Новак, а зафатена е и со децата и со својата лична кариера.

Таа е многу активна на социјалните мрежи каде често прикачува фотографии и цитати поврзани со родителството и семејството, често откривајќи како се справува со многу ситуации во семејството и секојдневните обврски.

Изјавата на Јелена Ѓоковиќ во која објасни дека жената има многу обврски во текот на денот, многу жени ја споделија преку Инстаграм со надеж дека нивните партнери ќе покажат разбирање.

Од друга страна, сите што ја следат и и се восхитуваат на Јелена се прашуваа дали сопругата на најдобриот светски тенисер е преоптоварена со обврски сега кога Новак е во Италија на турнирот.

Вака гласеше малку сериозниот, но во исто време и хумористичен статус:

– Значи, ако добро разбрав, од мене се очекува да ги одржувам децата здрави и да се грижам за нивното образование, да си играм со нив секој ден, да ја одржувам куќата чиста, да се посветам на бракот, да пазарувам, да готвам здрава храна и да развивам кариера, да вежбам редовно и да ги задржам моите пријателства затоа што сепак не е добро да се биде само мајка. Како добра ќерка, треба да се грижам за моите родители, но и да правам најмалку 10.000 чекори дневно и да одвојувам малку време за себе. И да, барем осум часа дневно сон е доволно. Веднаш тоа ќе го направам – ја сподели објавата Јелена и додаде „Само толку“ во описот.

Поради оваа објава Јелена доби голема поддршка преку Инстаграм, не грижејќи се за тоа дека Новак е среде турнир во Италија. Иако често отсуствува, Новак е свесен за жртвите што ги прави неговата сопруга за нивните деца да пораснат во чесни и здрави луѓе, а за тоа Стефан и Тара еден ден ќе и бидат неизмерно благодарни…

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Ата имаџес

To top