Џенифер Анистон на Инстаграм објави дека нејзиниот татко Џон Ентони Анистон починал во петокот на 89-годишна возраст. Актерката (53) на Инстаграм му оддаде почит на својот татко со серија заеднички фотографии.
Џон беше познат американски актер со грчко потекло, најпознат по неговата улога во серијата „Денови на нашите животи“, која ја играше од 1985 година. Улогата му донесе номинација за наградата „Денен Еми“ за извонреден спореден актер на драмски серии во 2017 година, а оваа година ја доби наградата за животно дело „Daytime Emmy“.
– Драг… Џон Ентони Анистон. Ти беше еден од најубавите луѓе што некогаш сум го познавала. Благодарна сум што се искачи во небесата шир – и без болка. На 11.11 ни помалку ни повеќе!
Секогаш имаше совршен тајминг. Таа бројка сега за мене засекогаш ќе има уште поголемо значење . Ќе те сакам до крајот на времето. Не заборавај некогаш да ме посетиш – напишала Џенифер Анистон.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Џенифер Анистон