Радио Милева плени

Милица Павловиќ во топ комбинација – стајлинг кој би го копирале повеќето жени (фото)

Милица Павловиќ во топ комбинација – стајлинг кој би го копирале повеќето жени (фото)

Пејачката Милица Павловиќ е секогаш добро облечена и нејзиниот стил навистина плени.

Таа овој пат беше насмеана и весела на аеродромот „Никола Тесла“, каде се вратила од настапот што го имала за време на викендот.

Она што е забележливо кај Милица Павловиќ е нејзиниот стајлинг, кој, веруваме, би го копирале повеќето жени.

Таа носеше црна ролка и шорцеви доволно кратки за да ги покаже своите витки нозе. Тоа го искомбинирала со хулахопки, чорапи од чипка кои чинат околу 300 евра, лакирани чевли од најмалку 900 евра и мини чанта која тежи неверојатни 2.500 евра.

За да ја разбие црнината, таа одлучи да облече крем јакна која одлично и „легна“ на оваа комбинација, како и очилата за сонце. Овој брендиран моден детаљ се проценува на околу 350 евра.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top