Пејачот Сергеј Четковиќ насмеа многумина со објавата на социјалните мрежи, кога објави видео како вози фико.
Имено, главата на познатиот пејач додека се возел „ штрчела“ од автомобилот, а нозете едвај му биле внатре, што им се допаднало на оние кои во голем број го следат на Инстаграм. Сергеј е висок два метри, па оваа слика не е чудна.
Сопругата Кристина го снимила додека вози, па почнале лавина од коментари.
– За мојот Четковиќ да седне на седиштето, мора да ја извади главата низ прозорецот, лактите низ прозорецот и вози Мишко, напиша сопругата и ги насмеа сите.
„Голем човек, што ќе правиш“, „каков крал“, „Те обожавам“, се само дел од коментарите што им ги пратиле.
Фото:Принтскрин/Инстаграм