Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и се пожалила на својата пријателка дека веќе некое време ја прогонува манијак, кој преку социјалните мрежи и испраќа експлицитни фотографии и заканувачки пораки, а да биде работата уште полоша, сега се појавил и на една нејзина снимка.
– Овој психопат повторно ми праќа пораки. Човекот мора да е полуден, да ми праќа болни работи од лажен профил. Би рекла дека е многу опседнат и дека не е при себе – се пожали Анастасија во емисијата на „Цеца шоу“.
Како што открила нејзината пријателка, демначот често и пишувал на Анастасија дека ја чека пред куќата.
– Време е случајот да се пријави во полиција – рекол пријателот на Ражнатовиќ.
Снимањето на емисијата помина без проблеми, а она што најмалку го очекуваше е појавување на манијак на сетот.
– Тој човек беше пред студиото кога го завршив снимањето. Тој виде на телевизија дека сум тука и дојде. Тоа беше многу вознемирувачко за мене – вели Анастасија.
Цеца и самата загрижена за безбедноста на Анастасија.
– Не е пријатно, таквите луѓе кои ви го нарушуваат мирот честопати имаат тенденција да бидат непредвидливи. Често пријавував манијаци и органите на редот секогаш реагираа – вели Цеца.
фото:Промо принтскрин/Блиц ТВ