Радио Милева со мера

Еве како изгледаат фотографиите на Милица Дабовиќ кои ги става на „Онли фанс“: Кошаркарката вака заработува брзи пари (фото)

Еве како изгледаат фотографиите на Милица Дабовиќ кои ги става на „Онли фанс“: Кошаркарката вака заработува брзи пари (фото)

Милица Дабовиќ неодамна отвори сметка на „Онли фанс“, а сега откри какви фотографии споделува таму.

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ  почна да заработува од фотографии и видеа благодарение на претплата од 15 евра месечно, а сега на Инстаграм ја објави атмосферата од снимањето за „Онли фанс“.

Милица, која прв пат во емисијата „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ дозна дека овој сајт е порнографски, ја покажа минијатурната долна облека што ја носела. Кошаркарката позира во црвен, чипкаст градник, минијатурни гаќички, но и црвени чорапи кои допираат од половината до бутовите и потпетиците.

По селфито на кое во преден план е нејзиното извајано тело, а во позадина се гледа фотографот кој ќе ја фотографира, Милица објави фотографии на кои се гледа целата комбинација.

– Ми требаа пари, го убедив Беба да ми го отвори тој профил, за да заработам, бидејќи ми требаа итно. Фотографиите ги објавив, со мерка, во се мора да има мера над која не би отишла. Ќе продолжам да работам на ова, па ќе видиме. Не знам зошто луѓето имаат проблем со тоа, попрво ќе ме осудат мене отколку некој убиец. Никому ништо не згрешив, нема потреба така да гледаат. Не се срамам од своето тело, мислам дека изгледам одлично за моите години – објасни Дабовиќ во емисијата на Амиџи.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Милица Дабовиќ

To top