Ана Севиќ по пауза од две години се појави во јавноста на гала прославата на 15-тиот роденден на магазинот „Хелоу“. Пејачката блесна во краток црн фустан и покажа дека изгледа одлично иако во март стана мајка по трет пат и го роди синот Симеон.
View this post on Instagram
– Од сето ова се одвикнав бидејќи бремена поминав две години дома. Бев во дибидус карантин, со две бебиња. Морам да признаам дека ми се допаѓа, убаво е, и фала богу се се врати во нормала – изјави Ана за „Република“ и призна дека и се допаѓа мајчинството и веќе размислува за проширување на семејството.
View this post on Instagram
– Сите тоа ме прашуваат. Што се однесува до мене, би сакала уште деца, можеби уште едно, но ќе видиме. Дај Боже“, низ смеа изјави Ана, потврдувајќи дека наскоро можеме да ги очекуваме најдобрите вести за проширувањето на семејството.
фото:Инстаграм