Велат дека убавината на жената се познава кога таа се буди наутро.
Во време кога естетските корекции и силната шминка се „ин“ и повеќе од доволно, ретко да се воодушевуваме на природната женска убавина.
ТВ водителката на утринската програма на телевизија Сител „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска иако се буди во раните утрински часови за да стаса на работа и да ги поздрави гледачите наутро, секогаш има умерена шминка која ја бараат камерите и природно издание кое е нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
Сепак, кога треба да се појавиш пред камери само што осамнал ден, ти требаат како што вели Елена- магични раце.
Имено, водителката го покажа својот утински изглед за кој се погрижила стилистката која ја средува пред да се појави пред камери, па нејзините раце ги благослови како магични.
Тесен фустан, одлични шминка и фризура, или едноставно кажано дама која е вистинска македонска убавина.
За Елена годините се самио број, бидејќи ако судиме по нејзиниот изглед, таа како воопшто да не се менува и блика со својата убавина.
А со ваков лик и енергија со мерак да ти почне денот!