Аца Лукас организираше концерт за паметење на својот 54-ти роденден, а сега ги изненади своите обожаватели со информација за која со години молчеше.
Пејачот призна дека во една прилика „за влакно“ ја избегнал смртта. Аца раскажа дека одбил пријател да го однесе дома и на тој начин ја сочувал главата на раменици.
„За влакно избегнав заседа, таканаречена ‘сачекуша’ која не беше наменета за мене! Бев со друштво на ручек во еден ресторан. Кога излегувавме од ресторанот, мојот пријател ми понуди да ме префрли до дома, зашто автомобилот ми беше на сервис, бидејќи се расипа. Ни сам не знам зошто го одбив, да ме вози дома?! веројатно Бог ме чувал. Викнав такси и тргнав до станот“ – се присетува Аца на немилиот настан.
Фолкерот вели дека дома после еден час на телевизија ја слушнал страшната вест од која му ја замрзнала крвта во вените.
„Минута откако се разделивме, на 300 метри од ресторанот во кој седевме, сите што заминаа со тој автомобил, беа изрешетани! Меѓу нив можев да бидам и јас. Никој не остана жив! Лукас едвај се освестил кога сфатил дека за малку ќе бил убиен.
-Седев дома, слушав вести и не можев да поверувам што слушам. Отпрвин ми беше жал за мојот пријател кој беше убиен тој ден, а потоа ме облеа студена пот. Беше морничаво!
И денес, кога ќе се сетам дека можев да умрам, ми се враќа тоа одвратно чувство…“ – се сеќава Аца.
Фото: Јутјуб принтскрин/ Покидан