Познатиот битолски пејач Сефeдин Бајрамов е еден од лауератите на општинската награда „4-ти ноември“ на град Битола. Бајрамов е еден од четирите добитници на наградата за едногодишни постигнувања.
Сефедин се смета за музичка легенда на Битола со пет децениска кариера. Негова најпозната песна е антологиската „Снагата ми е во Станбола, душата во Битола“. Добитник е на бројни награди од учества на бројни фестивали и разни манифестации.