Мегафон креација „ЗЕРО“

Антониа Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

Антониа Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

Младата пејачка сензација Антониа Гиговска блесна во луксузна, светло сина креација со дијамантски сјај од модната куќа ЗЕРО, потпишана од модниот дизајнер Огнен Анѓушев.

Убавината и природната харизма на Антониа одлично се надополнија со смелиот италијански шарм и префинетата елеганција на вечерниот фустан, кој ја постави нашата млада ѕвезда во центарот на вниманието на прославата на  15-годишнината од најпознатиот телевизиски  естраден магазин „Бекстејџ“.

 

Антониа со задоволство ги носи моделите на ЗЕРО и беше една од првите наши јавни личности кои беа вклучено во промотивната кампања и продолжија да уживаат во новите креации на куќата ЗЕРО.

Брендот го води младиот дизајнер  Огнен Анѓушев, кој неодамна заврши моден дизајн во Милано, на еден од најдобрите универзитети за мода во светот, Институтот Марангони.

 

To top