Неодамна од нашите содржини можевте да прочитате дека македонската мисица и екс-ТВ водителка Анѓела Јакимовска имаше епизодна улога во турската серија „Балканска приказна“ која се снимаше во Скопје.
Сега, освен Анѓела искуство пред камери во турска серија ќе има и една наша позната пејачка.
Станува збор за сосема поразличен ТВ проект од оној во кој глумеше Анѓела, а е посветен на осноачот на Турската Република, Кемал Ататурк и тоа во продукција на Дизни.
Улога во овој филмски проект ќе има пејачката Елена Петреска која за своето ново и поинакво искуство се пофали на својот Инстаграм профил.
Костимографски подготвена според потребите на улогата, Петреска покжа како изгледало снимањето кое се случувало во Македонскиот наредон театар.
Од приложеното можевме да ги видиме и бројните костими кои се наменети за актерите, а од бројот на истите може да се заклучи дека станува збор за голем прокет во кој ќе земат учество многу актери, меѓу кои и нашата Елена Петреска која веруваме дека ќе сподели уште детали за ова свое ново искуство.
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Петреска