Милица Павловиќ од неодамна сака да експериментира со косата, а сега направи голема промена кога е имиџот во прашање.
Имено, Милица ја скрати својата долга руса коса, а потоа направи афро локни и на своите фанови на Инстаграм им ја покажа новата фризура.
Пејачката позираше во црн фустан со голем отвор, кој ги истакна нејзините витки нозе и рамниот стомак.
„Сè ти личи“, „Милице, ова си ти?“, „Убава и прежешка“, беа само дел од коментарите.
Неверојатен деловен успех ја следеше пејачката во изминатите месеци, а сето тоа, како што еднаш призна, и одржа важна животна лекција.
– Очигледно е дека ова искуство ми требаше во моментот на најголемите животни паузи и професионални успеси. Сфатив дека само јас имам контрола над мојот живот, но и да престанам да се изненадувам што луѓето се спремни да направат за малку слава, успех и пари. Оваа година навистина ми донесе многу присебност и нови почетоци – признава пејачката.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милица Павловиќ