Радио Милева Рустика

Утринско кафе со поглед низ домот на Андријана Јаневска (фото)

Утринско кафе со поглед низ домот на Андријана Јаневска (фото)

Велат дека секој најубаво се чувствува кога е дома, а кога просторот е уреден по мерак, тогаш тоа е вистинско уживање за секого.

Андријана Јаневска со сопругот и двете синчиња живее во скопско Бардовци каде имаат куќа со двор кој е прекрасен парк со многу зеленило, цвеќиња и уникатна декорација од екстериерот.

Како надвор, така и внатре, ќуќата на Андријата и сопругот Гино има посебен шмек, пред се поради пространоста и тоа што секој член од семејството може да ужива во комфорот.

Пиењето кафе е ритуал речиси за секого, за едни најубаво е да го пијат во друштво, додека други сами. Андријана утрово ги поздрави своите следбеници со поглед кон нејзиниот дом пиејќи го првото кафе.

Од глетката може да се види дека во домот на Андријана доминира едноставноста на рустиката. Па така, топлиот амбиент кој го дава дрвото и природната сончева светлина, резултираат со позитивна енергија која носи спокој.

Без многу детали, еднставно и со шмек…

На здравје кафе!

фото:инсатргам/принтскрин/андријанајаневска

To top