Пејачката Вики Миљковиќ често знае да ги израдува своите следбеници на социјалните мрежи со стари фотографии кои секогаш привлекуваат големо внимание.
Овој пат еден од нејзините фан профили направи компилација од црно-бели фотографии од нејзиното детство, а Вики веднаш сподели на својот официјален Инстаграм профил.
Имено, ова се фотографии од нејзините најмлади денови, а особено емотивни се сликите со нејзините родители.
Вики отсекогаш нагласувала дека потекнува од просечно семејство, а како што вели, најмногу се гордее со родителите и братот, кои и биле голема поддршка кога ја започнала нејзината музичка кариера.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/viki_miljkovic