Денес на телевизија „Блиц“ ќе биде емитувана четвртата епизода од серијалот „Цеца шоу“, во која гледачите ќе дознаат нови детали од животот на Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство.
А овој петок фолк-диваа за првпат отворено ќе збори за здраствениот проблем и интервенцијата која ја закажала.
– Морам да одам на таа операција, дали сега или за два месеци, морам да одам. Сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа – изјави Ражнатовиќ притоа не откривајќи конкретно што ќе оперира.
Таа истакнува дека не се плаши, бидејќи има доверба во докторот што го избрала.
– Не се плашам, кога бев со него на консултации, тој ме увери со неговата доверба дека се ќе биде добро. Го следам 2,3 години преку социјалните мрежи, што работи и како работи и ми се допаѓа тоа што го видов. Немам никаков страв, не се двоумам, навистина ми даде самодоверба. Мило ми е што конечно ќе го решам, и повеќе нема да имам проблеми со тоа – вели фолк дивата.
Таа посочува дека најважно и било да ја оперира врвен специјалист за да не има никакви последици.
– Барем некој што е врвен хирург ќе го реши проблемот за да немам последици на мојата кожа после таа интервенција. Тоа ми е многу важно, бидејќи сум жена – објасни Цеца.
Цеца по операцијата ќе биде задржана во болница најмалку 48 часа, по што ќе може да го продолжи опоравувањето во хотелот.
– Генерално за таа интервенција задржуваат 48 часа, но можеби ќе ме држат 72 часа. После тоа ќе треба да одморам, за шетање ќе има други прилики – изјави Цеца.
фото:Принтскрин Јутјуб Цаца шоу