Жељко Јоксимовиќ со години е во хармоничен брак со водителката Јована Јоксимовиќ со која има три деца, а ќерката Мина ја има со својата прва сопруга Весна. Мина неодамна дипломираше на музичката академија, а своето знаење одлучила дополнително да го усовршува на магистерските студии на кои веќе се запишала.
Домот на Мина Јоксимовиќ сега се наоѓа во срцето на Белград. Кога ќерката на Жељко Јоксимовиќ како студент се преселила во главниот град на Србија, таа привремено живеела во вилата на нејзиниот татко. Со текот на времето, сфаќајќи дека и треба слобода, музичарот и купил убав стан.
Со помош на нејзината мајка, Весна Јоксимовиќ, таа го опремила по свој вкус, па сега може да се пофали дека го дала својот печат на секој агол од станот.
Домот на Мина Јоксимовиќ се состои од рустикален мебел во комбинација со модерен стил. Бојата која преовладува е белата, но и црвената, што особено и се допаѓа на ќерката на пејачот.
Бањата е поплочена со интересни бисерни плочки, а украсена е со голем мијалник и када за џакузи, во кои сега дипломираната студентка ужива да се релаксира по напорниот ден.
Спалната соба е украсена со кревет со темноцрвена постелнина и бела рустикална полица. На ѕидовите има 3D тапети, а од прозорците би рекле дека аголот на Мина е на горниот кат од зградата.
Домот на Мина Јоксимовиќ секако е место каде таа ги собира колегите од универзитетот, пријателите, семејството, а кога тоа го сакаат Жељко и Јована, таа овде се грижи и за помалиот брат и сестрите близначки. Она што дополнително го краси катчето на Мина е прекрасниот поглед од терасата со кој таа неодамна се пофали.
Фото:Принтскрин/Инстарам/Мина Јоксимовиќ