Пејачката Кети Пери активно работи и ужива во настапите, а на еден од концертите од нејзината турнеја се појави и видео на кое се гледа дека има проблем со десното око поради што на социјалните мрежи се лансираа различни теории на заговор.
Приказните продолжија да се редат, а причините зошто таа има проблем да ги отвори очите се движеа од „последиците од вакцинацијата против Ковид“ до „лош ботокс“. Само затоа што пејачката со намера да ја забавува публиката на паузата меѓу две песни го затвори едното, а другото широко го отвори.
Katy Perry: Eye of the Pfizer. pic.twitter.com/MpK1EnP674
— Kevin smith (@KJ00355197) October 24, 2022
Видеото на кое Кети Пери се обидува да си го отвори окото, а нејзиниот капак неконтролирано паѓа, стана симпатичен гег што им служеше на корисниците на социјалните мрежи да теоретизираат за вакцинација и ботокс.
Причината поради која Кети не можела да го отвори окото, а ја откриле твитерџиите, е „резултатот од вакцината“, како и лошо направен ботокс – непријатна ситуација кога едната веѓа „паѓа“ по интервенцијата.
View this post on Instagram
„Ботоксот тргна наопаку“, „Еве доказ дека има последици од вакцинацијата“, „Дали на сцената доживеа мозочен удар“, беа коментарите.
Но, како што пишува „Њусвик“, Кејти Пери проговорила за проблемот со „паѓачкото око“ во музичкото натпреварување „Американски идол“.
View this post on Instagram
Имено, на натпреварот се појавил шеснаесетгодишниот Кејбл Кенеди кој изјавил дека се чувствува многу непријатно пред камерите бидејќи има „мрзливо око“. Пејачката изјавила дека нема потреба да се чувствува непријатно бидејќи и таа има проблем со десниот очен капак.
-И јас имам „паѓачко око“ и бев ужасно загрижена на почетокот на кариерата. Потоа моите фанови направија група посветена на моето несреќно око, за да му помогнат. Групата беше наречена „Кети паѓачко око“. Тоа е всушност моето десно око. „Само уживајте и не грижете се за тоа“, рече Кети.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Кети Пери