Пејачката која се наоѓа на фотографијата моментално е една од најпознатите на Балканот, можете ли да ја препознаете?
Станува збор за Марија Шерифовиќ, а таа претходно на својот Инстаграм прoфил напишала:
„Реално, не сум се променила воопшто. Исто седам, исто ме нервира кога некој фотографира, исто сакам само дрво од јапонска цреша, исто шорцот ми е омилен, но и маицата и патиките“.
View this post on Instagram
Таа додала дека можеби би можела да биде помудра во некои моменти и „да биде помало ѓубре со некои до луѓето“.
„Меѓутоа, кога ќе соберам и одземам од работите, задоволна сум во каква личност пораснав и секако вежбам секој ден да бидам уште подобра. Мини ми“, заклучила пејачката.
Во една прилика таа навела што за нејзиниот карактер мисли нејзинaта мајка Верица.
View this post on Instagram
„Можеби мојата мајка замислува да бидам пијанистка или пак да пеам, но јас сум Марија Шерифовиќ – паметна и луда. Се навикна мајка ми на ваква каква што сум и среќна сум што ме научи да бидам дисциплинирана, да ги почитувам другите луѓе и туѓото време“, раскажала пејачката.
фото:Инстаграм/Марија Шерифовиќ