Пејачката Снежана Ѓуришиќ не ја криеше возбудата за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“
Ѓуришиќ ги прокоментирала и новите кандидати со кои се запознала на самиот почеток и открила дали е задоволна од „материјалот“ со кој ќе работи во наредните месеци.
– Одлични се, веќе има фаворити. Тоа што им недостига, ќе го надополниме, ќе ги научиме и ќе направиме се што можеме – изјави Снежана.
Пејачката проговори за својата улога во најпознатото натпреварување, а го откри и „рецептот“ за квалитетот на добро и успешно судење.
– Секогаш бев строга, но фер. Многумина се плашат, мислат дека сум опасна… едноставно не можам поинаку, ако видам дека некој може и има капацитет, се трудам да работам на него, многумина донесов во финале . Досега немав проблеми… – истакна Ѓуришиќ.
Снежана откри по што овој натпревар се разликува од сите други.
– Музички шоу програм, каде жирито си ја врши работата на интересен и поинаков начин и мислам дека на луѓето им е интересна. Жирито е директно, некогаш се шегуваме, некогаш не, но правиме се од срце и тоа секогаш добива добри критики – изјави Снежана.
Фото:Принтскрин/Ата Имаџес