И покрај вревата што се крена во јавноста, семејството на Немања Гудељ, поточно неговата мајка Оливера и сестрата Вања, сепак инсистираат на одлуката повеќе да не ги следат избраниќката на фудбалерот Анастасија Ражнатовиќ и нејзината мајка Цеца на социјалната мрежа Инстаграм. Се очекуваше драмата околу овој инцидент да се разреши во последните неколку дена, но двете спротивставени страни решија да молчат, што всушност само ги потврдува информациите дека се нарушени односите меѓу семејствата на Немања и Анастасија.
Меѓутоа, сега овде во око паѓа уште еден факт кој може да даде навестување на чија страна е семејството на Гудељ меѓу неговата сегашна и поранешна девојка, исто така позната пејачка. Имено, мајката и сестрата на споменатиот фудбалер и понатаму на социјалните мрежи ја следат поранешната избраничка на Гудељ, Сања Вучиќ, додека тие не ја следат Анастасија. Со ова јасно се гледа на чија страна се по раскинувањето што го доживеа фудбалерот и Сања непосредно пред почетокот на врската со Ражнатовиќ.
Имајќи предвид дека Анастасија влезе во животот на фудбалерот недолго по раскинувањето со Вучиќ, прашање е дали семејството на Немања било подготвено да се збогува со Сања, како што очигледно бил подготвен и самиот спортист. Ако Сања навистина им е најпосакувана опција за фамилијарна миленичка од Анастасија Ражнатовиќ, сепак може да се случат компликации во овие односи.
Медиумите во меѓувреме не потсетуваат на изјавите на Сања за односот со фудбалерот и јасната порака дека сака да остане во добри односи со него, што очигледно и успева.
View this post on Instagram
– Сè уште сме пријатели. Ќе останеме пријатели, се сакаме. Ако Анастасија и тој се заедно, можам да им посакам среќа и долготрајна љубов. Само да се сакаме – изјави Сања во април годинава.
Сања очигледно нема амбиции да ја обнови врската со фудбалерот бидејќи и самата влезе во нова романса со Ненад Цицмил со кој неодамна беше фотографирана.
фото:Instagram