Балканот беше во шок откако српската јутјуберка Уки Kу, на социјалните мрежи објави вонемирувачки фотографии од својата сестра, која била претапана речиси до смрт од својот сопруг. Запрепастувачки е фактот што речиси една од секои три жени била жртва на насилство во одреден момент во животот.
Според податоците со кои располагаме, пријавувањето на случаите на насилство врз жените и девојките е во пораст, што е добар знак. Зголемениот тренд ни укажува на тоа дека жените сѐ повеќе пријавуваат, а не дека насилството е во пораст.
Мислењето „Мене нема да ми се случи“, многупати за жал се покажало како неотчно. За големите проблеми секогаш мислиме дека нема нас да ни се случат…сè до оној момент кога ќе затропаат на нашата врата.
Насилството врз жените е прашање на човековите права и општествен проблем. Последиците од насилството врз жената се последици што се рефлектираат во пошироката заедница и токму затоа тоа е проблем значаен за сите нас.
Затоа треба сите заедно да збоуваме гласно и храбро за овој проблем. Гласно зборуваа и нашите јавни личности. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши токму оваа тема да ја истражи, и да зборува гласно,а со тоа и упати порака.